Забава под маски за децата од Волшебно сонце

0
564

По повод денот на вештерките, во игротеката и дневен престој Волшебно сонце беше организирана целодневна забава под маски за децата. Во претпладневните часови, забавата беше за децата до 6 години а вечерната за децата од прво до деветто одделение.

Традиционално се одбележува ноќта на 31 октомври наспроти 1 ноември.

Халовин е забава под маски за децата кои организирано или самостојно се собираат на плоштадите во градовите, во училиштата а посебно во центрите за странски јазици, каде се изучува англискиот јазик. Тие го облекуваат својот омилен костим.

Овој ден често е поврзан со симболот на тиквичката што свети. Активностите поврзани со овој ден вклучуваат шеги, маскенбал, резбање тиквички, колачиња во различни форми.

Инаку игротеката Волшебно сонце, е со работно време секој ден од 9 до 21, може исто така да се згрижуваат деца на еден сат со негуватели, дневниот престој е за деца до 6 години со програма за претшколска возраст, се организираат родендени со специјални понуди, забавни игри за децата и сл.Во центарот за странски јазици, кој постои 9 години, се изучуваат германскиот и англискиот јазик, се организира подготвителна настава за ученици од прво до деветто одделение.