Забава под отворено небо во Битола со легендарните Партибрејкерси

0
125

Со спектакуларен настап на белградската рок атракција “Партибрејкерс” на Широк сокак во Битола, заврши фестивалот “Битола отворен град 2015”.

Партибрејкерси се модел на бунтовна рок група која на музичка сцена се повеќе од 30 години, група која никого не оставаат рамнодушен, ги слушаат на целиот простор од државите на бивша Југославија, зборуваат на автентичен музички јазик за времето во кое живеат.

Со гостувањето на фестивалот “Битола Отворен град 2015” во рамките на Битфест, “Партибрејкерс”, премиерно настапија во Битола.

Со познати рефрени и динамичен сценски настап, Партибрејкерс, следејќи го пулсот на публиката, понудија целовечерна музичка програма низ која прозвучија хитови препознатливи за сите генерации.

partibrejkersi3.jpg

Нивниот голем концерт на Широк сокак беше отворен за сите љубители на музиката.Покрај познатите хитови на публиката и понудија неколку песни од новиот материјал наречен Сиромашно царство.

Станува збор за типични претставници на една генерација која не изгуби ни една важна битка на својот внатрешен фронт.

Група која ја има способноста да каже некои работи наместо другите, односно да во нивните зборови луѓето го препознаат своето искуство.

partibrejkersi1.jpg

За оние кои допрва влегуваат во светот на музката поточно на рок сцената Зоран Костиќ им препорачува да ја зачуваат првичната желба, да работат на неа, да бидат сведоци на нивното време и преку песна да го искажуваат својот став.

Рок бендот”Партибрејкерс”приреди одлична журка за неколкуилјадната публика која се собра на големиот концерт под отворено небо на Широк Сокак.