Забава за 2000 вработени на Кромберг и Шуберт

0
1378

Кромберг & Шуберт е компанија која со својот пионерски дух и иновативно претприемништво, ја гради својата успешна приказна повеќе од 100 години во полето на автомобилската индустрија. Пред околу 3 години својата приказна, оваа компанија започна да ја гради во Битола, која покрај успехот во индустрискиот сектор, таа успешно го создава и своето КРОШУ семејство, кое постојано се зголемува и моментално брои над 2200 вработени.

Оваа компанија со ентузијазам и голема мотивираност им покажува на своите вработени, дека тие се столбот на компанијата и постојано ги мотивира, професионално развива и охрабрува да превземаат активности и сите заедно да стремат кон остварување на целите,градење на среќно семејство и успешна компанија.kromberg22
Бидејќи креативноста е една од компетенциите која компанијата ја развива и промовира, таа постојано се обидува на креативен начин да ги изненади своите вработени. Така и оваа година по втор пат, традиционално организираше забава за своите вработени.
Компанијта овој пат со промотивно видео кое се емитуваше на екраните низ компанијата и со топ модели кои продефилираа по купачи и плакати низ производствениот погон во сите 3 смени, дополнително ја подгреа жешката летна атмосфера и ги покани сите свои вработени да бидат дел од настанот во летната дискотека Позитив во Битола.
Со тоа ја разбуди нивната љубопитност да бидат дел од настанот и да видат што изнедувања следуваат. Вработените беа воодушевени од начинот на кој оваа компанијата ги покани и им посвети внимание и признаа дека таа постојано
ги изненадува на уникатен и несекојдневен начин, со што им ги разубавува работните часови поминати во компанијата.

, настанот присуствуваа околу 2000 луѓе, кои уживаа во превкусната храна и пијалоци и се забавуваа на прекрасната музика за кои беа задолжени единствената и уникатна Јулија Мициевска и најголемиот шармер на македонската
музичка сцена Бени НОН СТОП.

Покрај тоа што вработените уживаа во убавата храна и музика, денот беше исполнет со многу изненадувања и наградни игри. На изненадувањата им немаше крај
па така последниот час од настанот беше завршен со пена забава.
– „Атмосферата и позитивната енергија која се чувствува не може да се опише, таа треба само да се доживее. Прекрасно изненадување и прекрасно поминат ден. Оваа забава беше една од најдобрите каде забавата, насмевките, ведрината и љубовта беа насекаде. Браво за тимот и компанијата!!“ – ова се дел од
зборовите кои вработените и соработниците ги изјавуваа за време на настанот.

Менаџментот на компанијата им се заблагодари на сите гости и им посака на своите вработени, да уживаат во убавата забава и да ја искористат оваа можност за повеќе да се запознаат и зближат, бидејќи КРОШУ семејството означува, блискост, посветеност и љубов. И како што и претходно повеќе пати имаа истакнато, менаџментот повторно потсети дека мотото кое ги води да градат успешна приказна е „ЌЕ ВЕ ПОБЕДИМЕ СО ЉУБОВ!“ соопштуваат од компанијата.

Без коментари

LEAVE A REPLY