Забрана за товарни возила на Стража и Маврово

0
481

ЗАБРАНА ЗА ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Воведена е забрана за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража и на патниот правец крак Маврово – Маврово.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои по влажни коловози. Според информациите добиени од Ј.П. Македонијапат снег паѓа во: Скопје, Петровец, Кула, Велес, Тетово, Попова Шапка, Делчево, Смојмирово, Ресен, Железнец, Струмица, Павлешенци, Страцин, Кичево, Гостивар, Крушево, Прилеп, Стража, Ѓавато, Буково, Пресека, Македонски Брод. На коловозите има остатоци од снег по интервенцијата од дежурните екипи на Ј.П. Македонијапат.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Според ДЦС МВР, по извршената контрола и увид на поставената патна сигнализација за времена измена на режим на сообраќај, заклучно со 28.12.2015 година, состојбата е следна: aвтoпат Велес – Куманово – сообраќајот се одвива по лентата за брзо возење, aвтопат Куманово – Велес – нема изменет режим, aвтопат Скопје – Куманово – сообраќајот се одвива по десната сообраќајна лента сe до приклучокот на автопат Велес -Куманово, aвтопат Тетово – Велес – запрена е сообраќајната лента за принудно запирање на возила, а сообраќајот се одвива по сообраќајни ленти за возење и лента за престигнување.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар-крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.