Забранет влез во Косово на српските министри за одбрана и внатрешни работи

0
321

Вршителот на должноста министер за надворешни работи на Косово Петриќ Селими, потпиша нови забрани за влез во Косово и тоа за српските министри за одбрана и за внатрешни работи, соопшти приштинскиот весник „Зери“.

На Зоран Ѓоргиевиќ и Небојша Стефановиќ им е забрането да влезат во Косово поради прикривање на документи поврзани со истрагата за воени злосторства, соопшти Селими, пренесува БТА.

Петриќ Селими се повика на извештаи од Советот на Европа, Европската комисија и други организации кои документирале „саботажа“ извршена од Србија во процесот за воени злосторства против Албанците, пишува весникот.

„Зери“ одбележува дека ова е првпат косовската Влада да донесе одлука за забрана на влез во земјата на српски министри.

Претходно влез во Косово беше забранет за лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ и на началникот на Генерал штабот на српската Армија Љубиша Диковиќ.