Забрането капење на четири плажи во Дојран

0
1356

Забраната за капење на четири плажи на Дојранско Езеро, Градска плажа, Црвен крст, Златен брег и Калдрма, се’ уште е активна, а санитарните инспектори утре ќе проверуваат дали се поставени табли за забраната. Во водата во Дојранско Езеро не се најдени двата вида најопасни бактерии од фекално потекло – ешерихија коли и стрептокикус фекалис, односно бактерии кои најчесто се наоѓаат во отпадните канализациски води. Во мострите од водата направени пред околу една недела се докажани само колиформни бактерии, кои се помалку опасни за здравјето на луѓето, но кои, сепак, може да предизвикаат пролив кај лицата со намален имунитет.