Забрането политичар да вработи член од семејството

0
368

Францускиот парламент усвои закон за моралност во политичкиот живот со кој им се забранува на политичарите да вработуваат членови на своите семејства, што претставува еден од најголемите чекори преземени од претседателот Емануел Макрон.

Законот им забранува на министрите, пратениците и членовите на локалните власти да ги вработуваат венчаните или невенчаните сопружници, родители и деца, со закана дека ќе бидат казнети со три години затвор и 45.000 евра. Макрон вети брзо усвојување на законот откако претседателската кампања ги доведе во прашање подобностите на некои кандидати. Особено беше погоден кандидатот на десницата, Франсоа Фијон, осомничен дека на својата сопруга и децата им обезбедил фиктивни делувања со парламентарни соработници.

Без коментари