Забрани на Ѓавато и Плетвар, внимателно на Буково

Забрани на Ѓавато и Плетвар, внимателно на Буково

0 779

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: од 09:10 часот воведена е забрана за ТМВ на превојот Ѓавато.

Од 10:30 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки моторни возила на планинскиот премин Плетвар.

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Дојранска раскрсница – Дојран од 08:00 часот е укината.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци: крак Маврово – Дебар, Кочани – Делчево – граничен премин Делчево и Берово – Виница – Кочани, каде за останатите возила задолжително е користење на зимската опрема.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат. Поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.