Зачувување на споменот на Ростковски

0
704

Рускиот конзул кој служел во Битола од 1895 година и сочуствувал со Македонците, Александар Аркадиевич Ростковски бил убиен во Битола на 8 август 1903 година, во средината на илинденските случувања. Токму зачувувањето на споменот за Ростковски и одбележувањето на неговото дело во Битола е нешто што ги поврзува двата народа, македонскиот и рускиот, вели аташето за култура во амбасадата на Руската Федерација во Македонија.

-Ова е едно од повеќето работи кои ги поврзуваат нашите две земји. Меѓу нашите земји е воспоставена трајна историска врска. Наредните генерации треба да го продолжат она што го започнаа нивните предци, да ги унапредуваат нашите односи, изјави Михаил Лушков, аташе во руската амбасада.mihail

Тоа беше целта и на настанот „Денови на Ростковски“ во организација на Здружението за македонско-руско пријателство „Александар Ростковски“ од Битола. Делегациите положија свежо цвеќе пред Рускиот крст во Градскиот парк.

-Претходниот ден одржавме тркалезна маса на која прикажавме филм за Иван Мелников, оддадовме почит за Ростковски, се со цел развивање на нашата соработка, изјави Пеце Гаштаров, претседател на здружението.pece

Во 1913 година во Битола бил поставен православен крст во спомен на Ростковски, кој за време на Втората светска војна бил тргнат. Повторно е издигнат во 2003 година, на неколку метри од првобитната локација и претставува симбол на делото и работата на конзулот Ростковски.