Зад нападот во Мали стои озлогласен едноок џихадист

0
331

Терористичка група поврзана со Ал каеда ја презеде одговорноста за нападот во хотелот Радисон блу во главниот град на Мали, во кој загинаа најмалку 27 лица.

Терористичката група е позната како Ал мурабитон, а најактивна е во областа северно Мали, а ја предводи озлогласениот еднооок терорист Мохтар Мелмохтар, кој веќе со години сее страв низ Африка.

Ал мурабитон е составена пред сѐ од туарези и Арапи, а формирана е пред две години.

Властите на Мали прогласија денес тридневна жалост и десетдневна вонредна сосотојба во земјата по терористичкиот напад на хотелот во Бамако.

 Претседателот на Мали Ибрахим Бубакар Кеита во телевизиското обраќање го објави бројот на загинати, кажувајќи дека напаѓачите убиле 19 лица и дека загинале двајца од терористите. Претходните информации од воени извори за над 30 мртви беа корегирани.

Во меѓувреме беше објавена и снимка од извелкувањето на заложниците од хотелот Радисон блу, во кој престојуваат главно странски државјани.