Задолжителна зимска опрема на автомобилите

0
452

Со наближување на зимата и драматичниот пад на температурите потребата за адекватна подготовка на возилото станува се понеопходна.
Освен вообичаената зголемена претпазливост поради влошените временски услови влажен коловоз, магла, намалена видливост,  која се препорачува за време на возењето во ладните денови, потребно е и користење на посебно дизајнирани пневматици за таа намена. Затоа, летните пневматици треба да бидат заменети со зимски.

– За разлика од од летните пневматици кои на својата бочна страна имаат озната: MMS + M+S M&S и знак на снегулка на стелиризирана планина со три врва. Зимските гуми имаат значително подобро прилагодување на патот и пократок пат на кочење благодарение на подлабоките шари.Тие се составени од специјална смеса со додаток на поголема количина на силика која подобро се однесува на ниски температури и овозможува удобно и тивко возење, изјави Даниел Иваноски од Пнеуматик-Битола

Најдобро е да се стават зимски гуми на сите четири тркала, во споротивно може да дојде до занесување и пролизгување па дури и излетување на возилото во кривина, велат од Пнеуматик.

– Задолжителна зимска опрема на моторни возила со најголема дозволена маса која не надминува 3.500кг претставува: Зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарата од 4мм или доколку возилото поседува летни пневматици со минимална длабочина на шарата од 4мм да поседува синџири за снег кои одговараат на големината на погонските тркала, вели тој.

Но дали Битолчани чекаат да заврни снег за да купат зимски гуми , или веќе ги снабдуваат возилата со зимска опрема ?

– Да, битолчани се одговорни кога станува збор за законската обврска и задолжително пред 15 ноември тие ги заменуваат летните пневматици со зимски.

Секој возач кој постапува спротивно на одредбите од овој член од законот ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови.

Инаку Пнеуматик Битола има попуст од 30% на патничките, џиповските и комби гуми.