Задолжително сертификат со доказ дека добитокот е вакциниран

0
494

По пауза од 4 месеци поради појава на болеста јазлеста кожа кај стоката од вторник почнува со работа сточниот пазар во Битола. Сточарите треба со себе да поседуваат сертификат во кој ќе биде наведено дека добитокот е вакциниран

Како сите 8 сточни пазари во државаат така и сточниот6 пазар во Битола беше затворен со одлука на Агенцијата за храна и ветерионарство како превентива од болеста јазлеста кожа кај стоката, која за среќа ја немаше во Пелагонискиот региот. Финансиска загуба освен сточарите претрпело и  ЈП Пазари кој како што рече првиот човек на ова јп изнесувала 530 илјади денари

Моментално екипите на јп комуналец го расчистуваа теренот од вегетацијата за да може на 23 август  во вторник сточарите да го донесат својот добиток.