Задоцнето отворање на некои гласачки места, фотографирани ливчиња

0
857

Неколку гласачки места се отворени со задоцнување, а во Радовиш еден гласач го фотографирал гласачкото ливче, информираа утрово од граѓанската асоцијација Мост.

Според Дарко Алексов, извршниот директор на Мост гласачкото место 1.036 во општина Куманово е отворено со 15 минутно задоцнување, а гласачкото место 2.210 во општина Велес е отворено со 30 минутно задоцнување поради тоа што немало електрична енергија.

„Во општина Радовиш, гласачко место 1580/1, еден гласач го фотографирал гласачкото ливче со мобилен телефон. Избирачкиот одбор не забележал и не реагирал. Истото било регистрирано и во општина Ѓорче Петров, гласачко место 2.556, каде еден гласач го фотографирал гласачкото ливче, а за овој случај била повикана и полицијата“, изјави Алексов.