Заедничка визија е Берлинскиот процес да ја забрза нашата евроинтеграција

0
485

Заедничка визија е Берлинскиот процес да ја забрза нашата евроинтеграција и да резултира со креирање на начелна временска рамка за пристапување, изјави денеска на Самитот за Западен Балкан во Виена претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски на кој присуствуваат шефови на влади на земјите од регионот и од државите членки на Европската унија.

– Од исклучителна важност е поддршката што стратешки партнери од ЕУ ја даваат преку Берлинскиот процес, како преку политичкото внимание, така и преку вниманието во економијата, бизнисот, инвестициите и интересот за соработка и поддршка со конкретни развојни проекти, истакна премиерот Груевски во рамки на воведната премиерска панел дискусија на која беше разгледана економската ситуација и реформскиот процес во земјите од Западниот Балкан.

Како што соопшти владината прес-служба, претседателот на Владата Груевски, кој ја предводи владината делегација во чиј состав се и вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски и министрите за надворешни работи и за економија Никола Попоски и Беким Незири, во обраќањето се задржа и на економските резултати кои ги постигнува Македонија.