Заеднички концерт на КУД Стив Наумов и хорот Ален Мак од Бугарија

0
177

Во собата на клавирите при НУ.Завод и музеј,Битола, се одржа концерт на КУД „Стив Наумов” од Битола. Гости на концертот беа членовите на хорот „Ален мак” од Благоевград, Р.Бугарија. Овие два хорови соработуваат долги години а концертот во Битола е повратна посета после гостувањето на КУД. Стив Наумов во Бугарија.

Концертот беше составен од повеќе композиции од македонски, но и светски композитори.
Гостите од Бугарија за битолската публика, изведоа духовна музика, фолклорни и новообработени композиции од бугарски автори под диригентство на Христо Велев и Јоланда Лазарова.

kud_stiv_naumov_2.jpg

Настанот се заокружи со заедничко пеење на композииции од автори на двете држави.

После учеството на републичкиот натпревар во Тетово,КУД.Стив Наумов, заминува на турнеја во Корзика.

Инаку КУД „Стив Наумов” минатата година прослави 70 години од своето постоење. Денес во друштвото делуваат 3 ансамбли- мешан хор, женски хор и мандолински оркестар.

kud_stiv_naumov_1.jpg

Над 4200 настапи, незаборавни мигови на дружење со музичката уметност на голем број членови се дел од КУД „Стив Наумов”.

Меѓу бројните општински, републички и меѓународни признанија се вбројува и највисокото признание на Р.Македонија -наградата 11 -ти октомври, награда4- ти ноември -највисокото признание на Битола, највисокото признание на културно просветната заедница на РМ. и многу други.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY