Заедно ќе се бориме против руските активности

0
100

Велика Британија и нејзините сојузници ќе се борат заедно против активностите на Русија, кои претставуваат закана за меѓународниот поредок, изјави синоќа во Лондон британската премиерка Тереза Меј.

– Ќе ги преземеме неопходните чекори за да се спротивставиме на руските активности, изјави Меј во обраќање на банкет во лондонскиот Сити.