Заев ги собра на маса потписниците на Платформата за демократска Македонија

0
652

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар Оливер Спасовски, денеска се сретна со претседателите на партиите и претставниците на здруженијата коишто заеднички застанаа зад Платформата за демократска Македонија, информираат од СДСМ.

„Потписниците на Платформата за демократска Македонија разговараа за актуелната политичка состојба во земјава при што ги разгледаа следните чекори на заедничко делување.

Широкиот демократски фронт зад којшто застанаа дваесетина партии и здруженија, преку Платформата за демократска Македонија, цврсто останува во одбрана на демократските принципи и ќе продолжи заеднички да делува за враќање на слободата, правдата и демократијата.