Заев го повика Груевски на дуел на стартот на предизборната кампања

0
434

Лидерот на СДСМ Зоран Заев го повика на ТВ дуел лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, двајцата носители на листите за пратеници во изборната единица број 4, на првиот митинг од предизборната кампања, што се одржа вечерва во Прилеп.

„Прифати, за да можам да те прашам тоа што не беше чесно да го вадам во бомбите. Како не ти е срам да бегаш од дуел, 10 години владееш. Прифати за да можеш и ти да ме прашаш тоа што сакаш да ме прашаш. Но ти пак ќе избегаш Никола”, кажа Заев.

Заев ги посочи петте точки кои идната негова влада ќе ги смени: Просечна плата од 500 евра, 15 отсто од ДДВ-то ќе се враќа на граѓаните преку фискалните сметки, бесплатно болничко лекување за граѓаните во јавното здравство, итно стимулирање од државата на домашните фирми и правда за сите, но, како што кажа тој, не од судиите од тефтерчето на Груевски, Јанкулоска и Мијалков.

За двојазичноста рече дека е наметнат проблем од тие што се плашат од јавно искажаниот збор. А уставот им го гарантира тоа на сите народи во РМ, рече тој.