Заев го повика Груевски на дуел

0
380

Во името на вистината ќе победиме ќе го срушиме режимот, најави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на митингот на СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ во Карпош.

Тој и од Карпош го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на дуел.

-И од овде го повикам првиот бандит Никола Груевски на дуел. Ако ти е тешко сам викниго и вториот бандит Ствечо Јакимовски. Ако можете да кажете да тогаш скријте се под некоја сукничка кај вашите мајки зашто вашето време заврши – рече Заев.

Заев рече дека нема да се повтрои она што се случи на предходните избори кога , како што рече бандитот Никола Груевски успеа да победи со крадење на гласови , а во Карпош тоа го сторил Стевчи Јакимовски.

– По наша грешка овде во Карпош победи вториот бандит. Не не предаде нас , туку својата душа и семејството, Знаете зошто… за пари пари пусти пари. Предавник за пари -рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Заев повтори дека на Триумфалната порта ќе биде поставен бројчаник кој ќе покаже колку пари се вцратени кај граѓаните.