Заев: Груевски не смее да формира влада!

0
1128

Режимот не смее да формира влада. Никола Груевски не смее да формира влада во РМ, изјави во вторник на прес конференција лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Тој појасни дека првичните резултати ги збуниле граѓаните, но дека конечните резултати допрва следуваат.

„СДСМ има поголем број мандати во изборна единица 6 и соодносот на мандати е 50-50“, рече Заев, при тоа додавајќи дека заради констатирани нерегуларности, ќе поднесат приговори, а конечните резултати од изборите ќе се знаат подоцна откако надлежните ќе се произнесат по приговорите.

„Граѓаните се изјаснија дека повеќе нема место за политичари како Никола Груевски“, рече Заев.

Лидерот на СДСМ изрази очекување ДИК да биде потранспарентна во целата постапка по приговорите.

Запрашан кој ќе ја формира владата ако Груевски не го направи тоа, Заев категоричен.

„Ако Груевски не формира влада, се знае кој ќе формира влада“, истакна Заев, изразувајќи очекување сите партии што добија пратеници, освен ВМРО-ДПМНЕ, да ја почитуваат мнозински изразената волја во РМ, волја за подобар живот во Македонија. макфакс