Заев и СДСМ повторно бегаат од одговорност

0
482

Одбивањето на СДСМ да учествува во расправата за донесување на измени на Законот за помилување е ново бегство на Зоран Заев од одговорноста и излегување на површина на лицемерието дека наводно се залагал за укинување на аболициите, сметаат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев досега не побара да му биде укината аболицијата за „Глобал“, случај во кој што истиот се товари дека незаконски се стекнал со 8 милиони евра. Измените во Законот што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ нудат токму таква можност, да биде повлечена аболицијата на Зоран Заев и државата да ги врати осумте милиони евра за кои е оштетена во случајот „Глобал“, додаваат од таму.

Објаснуваат дека не постои ниту едно образложение зошто кадрите на СДСМ би останале во Влада, во ситуација кога нивниот лидер не е подготвен да излезе на изборно соочување.

„Република Македонија треба и мора да тргне напред. Република Македонија не смее да остане заложник на стравот на Зоран Заев од избори. Владата мора да биде функционална и да реализира проекти во полза на граѓаните. Владата мора да работи на приоритетите и реформите за постигнување на европските стандарди“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ./крај/со/бб