Заев и СДСМ зад себе немаат ниту еден позитивен проект или реформа

0
355

ВМРО-ДПМНЕ во реакција на обраќањето на лидерот на СДСМ Зоран Заев, наведува дека Заев и СДСМ зад себе немаат ниту еден позитивен проект  или реформа која би била од полза за граѓаните и оти ваквата деструкција и неработењето Заев се обиде да го покрие со нови лаги и нереални ветувања.

Во реакцијата наведуваат дека мултимилионерот Зоран Заев и СДСМ мислат дека колку лагите и нереалните ветувања се поголеми, толку побргу ќе ги изманипулираат граѓаните и ќе ги натераат да заборават на нивното катастрофално, антидржавно однесување.

– Народот во Македонија тоа го знае. Народот нема да дозволи повторно да биде прелажан со лагите и ветувањата на СДСМ. На 24-ти април граѓаните ќе имаат можност да одберат помеѓу погубната политика на СДСМ и нивните големи лаги и помеѓу делата и конкретната програма која ја нуди ВМРО-ДПМНЕ која ја пишува заедно со граѓаните, стои во реакцијата во која се додава дека  остануваат уште само 132 дена до соочувањето на СДСМ, со народот.

Според ВМРО-ДПМНЕ остануваат само уште 132 дена до катастрофалниот пораз на СДСМ и нивната безидејна и деструктивна политика.

– Мултимилионерот Зоран Заев и СДСМ денес уште еднаш ги потценија и понижија граѓаните и покажаа колку се плашат од престојните избори на 24-ти април, наведуваат во реакцијата и додаваат дека во минатото Бранко Црвенковски и Радмила Шекеринска ветуваа по еден вработен од секое семејство, а сега мултимилионерот Заев ветува дека ќе ја врати средната класа.

Без коментари

LEAVE A REPLY