Заев: Иванов направи државен удар

0
669

Лидерот на СДСМ Зоран Заев  изјави дека со последната одлука претседателот Ѓорѓе Иванов го заокружил државниот удар во Македонија. Со одлуката да се аболицираат сите политичари Заев вели дека Иванов станува директен соучесник во злосторничкото здружување.

Според лидерот на опозицијата со ваквата одлука денеска е укината правната држава и е погребан договорот од Пржино.

„ Нема да дозволиме целосно рушење на државата. Заедно со граѓаните застануваме на страната на Македонија. Од денеска, со граѓаните ќе го вратиме правото и правната држава. Бараме, заштитникот на криминалците, лицето Ѓорѓе Иванов, веднаш да поднесе оставка. Доколку тоа не го стори денеска, државата ја доведува во вонредна состојба, на граница на експлозија. Затоа Собранието мора веднаш да биде свикано и да покрене постапка за отповикување на Ѓорѓе Иванов. Во името на целата демократска и правдољувива јавност судските процеси мора да продолжат и да има правна разрешница. Криминалците да одговараат за криминалот. Невините да имаат можнст да ја докажат својата невиност. Јас, Зоран Заев, на чело на демократска Македонија, ќе ги предводам граѓаните во битката за враќање на уставниот поредок и државноста на Република Македонија, на улици, на протести, во градовите  и селата низ цела Македонија“ рече Заев.