Заев ќе ја посети вежбата „Драгон Гардијан 17“ на Криволак

0
248

Премиерот Зоран Заев, во придружба на амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли,  ќе присуствуваат на дел од активностите на воената вежба „Драгон Гардијан 17”, на воениот полигон Криволак.

Цел на вежбата во Криволак е подобрување на интероперабилноста на АРМ со НАТО стандардите, зајакнување на постојното партнерство со САД како и демонстрација на можностите на вооружените сили на двете армии за помош и поддршка на цивилното општество.

На воената вежба „Драгон Гардијан 17“ учествуваат деведесетина припадници на АРМ од инженерискиот баталјон од составот на Првата механизирана пешадиска бригада и околу тристотини припадници на „2 Cavalry Regiment“ на Армијата на САД во Европа. На вежбата учествуваат и припадници на другите единици на АРМ за пружање на логистичка поддршка и воено полициско обезбедување.

Без коментари