Заев: Мора да има теренска проверка

0
322

-Кога излегоа фантомите и спорните гласачи на виделина почнаа да бегаат од теренска проверка. Мора да има теренска проверка согласно метологијата што ја утврдија и ја поддржаа сите членови на ДИК. Без прочистување на избирачкиот список нема фер, регуларни и демократски избори. Затоа нема дилема. Стоиме на браникот на правичноста, на вистината. Тоа што е за теренска проверка мора да оди на теренска проверка. Се друго е неприфатливо, рече Зоран Заев претседател на СДСМ.