Заев на средба со претставници на ОБСЕ, рочиштето за „Поткуп“ пак одложено

0
533

Во Основниот суд Скопје 1 денеска повторно беше одложено закажаното рочиште за случајот „Поткуп“ во кој обвинет е лидерот на СДСМ Зоран Заев. Одбраната на Заев како причина за одлагањето ја наведе денешната негова средба во 11 часот со претставници на ОБСЕ во Македонија поради случувањата на 27 април. Судот за ова е известен непосредно пред судењето. На рочиштето се појави и Зоран Заев.

Во овој случај Заев е обвинет како градоначалник на Струмица за барање поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Николов од 162.924 евра за приватизација на земјиште.

Наредното рочиште е закажано за 27 јуни.