Заев на трибина пред Офицерскиот дом во Битола

0
1825

„ Денеска сме во Битола на средба со граѓаните. Ние сме денеска овде, во неделата посветена за младите. Отвараме дебати за иднината на нашата младина. Без младите ни е џабе се. Најпоразителниот факт во Македонија е оваа пуста миграција, иселување, изјави денеска на прес конференција во Битола, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

12802799_1274512405908503_8461571076544291698_n

Прашан дали на 5 јуни ќе има ли избори, кои се неговите проценки и што ќе се случува со преговорите за медиумите, тој рече:

„ СДСМ целиот овој период посветено стои на своите ставови во борбата за обезбедување услови за фер и демократски избори. Целиот овој процес неслучајно вака го отворивме, за да не ни се повтори никогаш повеќе тоа што се случувало во минатото. Ние ја подготвуваме партијата и нашето членство и се надеваме дека ќе анимираме огромен број на неопределени граѓани да се впуштат во процесот на подршка на опозицијата за промена на оваа забегана власт којашто владее во Република Македонија. Ние се надеваме дека тоа ќе се случи на 5 јуни. Ние сме подготвени за избори на 5 јуни. Во декември ја усвоивме нашата програма. Но, притоа информациите коишто пристигнуваат од ДИК е дека има шанси, согласно Закон, до 15 април да биде прочистен Избирачкиот список и отворен за увид на граѓаните. Увид што ќе трае до 10 дена пред изборите, кога се заклучува и се дава на печатење за подготовка за самите избори. Медиумите остануваат отворено прашање. Но, знаеме сите дека тоа прашање покрај инсистирањето на опозицијата е обврска на многу други активни чинители во општеството. На вас новинарите, на медиумите, на власта, на здруженијата на новинари, на граѓаните генерално, на невладините организации. Но, истовремено е обврска на Република Македонија заради тоа што е една од работите коишто се договорени со договорот во Пржино“ рече Заев.

c7402873-ff51-48a4-a9b2-56f967df7920-41057

Без коментари

LEAVE A REPLY