Заев најави изградба на Коридорот 8

0
745

Премиерот Зоран Заев, по состанокот со европските лидери, рече дека Македонија е најголем добитник од самитот во Трст.

Тој информира дека е донесена одлуката да се изгради железничката пруга кон Бугарија, како дел од коридорот 8.

Целиот проект се предвидува да чини 152 милиони евра, а останатиот дел од парите Македонија ќе треба да го обезбеди преку кредит од Европската банка за обнова и развој во вредност од 75 милиони евра.

Самитот во Трст, Заев го оцени како исклучително важен настан за перспективите на целиот регион и на Европската унија.

Без коментари