Заев не го признава Судот

0
147

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, по одлуката на Основниот суд Скопје 1 – Скопје за случајот „Пуч”, денеска изјави дека не го признава правосудството како независна власт по Устав и по закон, дека нема да присуствува на закажаните рочишта во врска со случајот „Пуч” и да се јавува во Судот секој понеделник. По оваа негова јавна изјава очекува Судот да му изрече мерка притвор. И покрај ова, преговорите за излез од политичката криза ќе продолжат.

– Јас сум во просториите на СДСМ или во „Кампот на слободата” пред Владата, рече Заев на прес-конференција.
Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека преговорите со ВМРО-ДПМНЕ и со ДУИ и ДПА се одвиваат на различни партиски нивоа. – Меѓупартиски преговори постојат во посредство со меѓународната заедница, рече лидерот на СДСМ.