Заев од Охрид – Ќе се дознае вистината за Мартин Нешковски, Смилковско езеро, Диво насеље

0
1498

Како што на кампањата и се ближи крајот така и реториката на митинзите и партиските активности се заоструваат. Заев возврати на обвинувањата дека планира двојазичност и федерализација со тоа што ја потсети власта за повеќе злодела кои и натаму се претпоставува дека целосната вистина не им е позната на граѓаните.

– Слушам, купувале пасоши. Зошто им се?!. Ја предупредувам граничната полиција на 11 декември да гледа кој ќе бега. Ветив и ќе остварам, сите кои се огрешиле, ќе одговараат, Не само што ќе одговараат, туку и парите ќе ги вратат – рече Заев.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вети дека вистината во Македонија нема да остане скриена.

– Ветувам дека не можеме да бидеме земја ако не знаеме кој ги уби Никола Младенов, Мартин Нешковски и четирите деца кај Смилковско Езеро. Да биде откриена вистината за Диво насеље. Секоја земја има обврска се да се открие и да има правна разврска. Никогаш веќе без правда во Мекедонија – рече Заев.

Заев повтори дека во Скопје на триумфалната капија ќе стои бројчаник кој ќе врти за секоје евро, секоја пара што ќе биде вратена.

Лидерот на СДСМ вети поинаков концепт на развој на туризмот.

– Ќе развиваме вистински туризам. За работниците во текстилната индустрија ќе им го финасираме со 30 до 50 отсто одморот ако закупат хотели во Охрид, Преспа, Дојран. Со тоа ќе го поддржиме туризмот во Охрид – рече Заев.

Тој вети пензии за спортските работници.Спортот ќе се деполитизира. Секоја фирма која плаќа данок на добивка од тој данок да купи ваучер на спорстки клуб.

Зоран Заев повика охриѓани да гласаат на 11 декември и да го заокружат бројот 4.