Заев: Ова вчера беше обид за убиство со умисла и по план

0
638

Избравме нов претседател на парламентот, и демократските процеси ќе продолжат сè до изборот на новата влада, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција. „Не ни размислувам да одам на лидерска средба кај Иванов. Каде ќе ја правиме? На Клинички центар, со господинот Села, рече Заев.

На новинарско прашање дали смета дека тоа вчера било обид за убиство, Заев рече: „Ова вчера беше обид за убиство со умисла и по план“.

Заев му честита на Талат Џафери за изборот за претседател на Собранието.

„ Одлучно стоиме зад демократијата и вистинските евроатлантски перспективи. Вчера имавме насилство врз новинари и пратениците поттикнато од Иванов, Груевски, Чавков, Вељановски. Тоа што се случи вчера е насилство, остатоци на режимот во заминување. Во периодот што следува мора да покажеме колку сме зрели како држава и да ги одбраниме вистинските демократски вредности. Ве повикувам сите вас, почитувани граѓани, да останеме мирни и присебни и сите вработени во институциите да ја сфатат својата одговорност. Направен е првиот чекор. Тешко е затоа што имаме работа со непресметливи луѓе. Но заедно сме, ние граѓаните. И САД и ЕУ во нас го гледаат мирот и напредокот. Македонија оди напред“ рече тој.