Заев повикува на здружување за спас на Македонија

0
338
Здружената опозиција не е доволна, потребно е сите политички партии, интелектуалци, новинари, борци за слобода  да се здружат во заедничка платформа за спас на Македонија и враќање на демократијата – ова го порача лидерот на опозицијата Зоран Заев од Струмица ден по изборот на преодната Влада. Заев уште еднаш повтори дека без слободни медиуми и без прочистен избирачки список не може да има фер и демократски избори во Македонија.
СДСМ и здружената опозиција допрва ќе одлучуваат за идните чекори и  нивното  учество во Владата задолжена за организирање на избори..На формирањето на преодната влада не беа присутни досегашните министри од опозицијата, Спасовски и Ременски.