Заев: Повлекување на аболицијата и одлуката за избори

0
411

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес конференција соопшти дека неговата партија нема да учествува на лидерската средба во Виена со посредство на европски претставници, доколку претходно не бидат исполнети два предуслови.

-Иванов да ги повлече срамните одлуки за помилување по налог на Груевски и спротивни на Уставот и да се свика Собранието за да ја повлече одлуката за одржување на избори на 5 јуни се до исполнување на условите за одржување демократски, фер и кредибилни избори. Ако сакаат Иванов, Груевски и Вељаноски, одлуката може да се смени за два часа, рече Заев.

Во спротивно тој кажа дека СДСМ нема да учествува на средбата во Виена.

– Груевски, Иванов и Вељаноски го погребаа Договорот од Пржино. Заради ваквото однесување, СДСМ не може да се врати на преговарачка маса, рече Заев на прес конференцијата.

Тој посочи дека и еврокомесарот Хан и европратениците Вајгл, Ховит и Кукан се известени за ваквата одлука и според него се што прави меѓународната заедница е добронамерно за државата.