Заев пред Владата: Имаме еден мандат повеќе!

0
1454

Во моментот опозицијата има еден мандат повеќе, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пред владината зграда, пред насобраните симпатизери што ја слават најавената победа на опозициската коалиција.
„Ќе се пишува историја, радувајте се“, рече Заев ѝ се заблагодари на цела Македонија, на сите граѓани.

„Ги чекаме резултатите, но во моментов водиме со 1 мандат повеќе. Радувајте се славете го животот. Нека разбере целиот свет дека Македонија испиша светска историја, падна режим со пенкало. Ги чекаме резултатите, но трендовите може само да растат, не може да паѓаат. Падна режимот, победи животот“, рече претседателот на СДСМ. mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY