Заев се обрати на Генералното собрание на ОН

0
201

Премиерот на Македонија, Зоран Заев се обрати на Генералното собрание на Обединетите нации од каде што истакна дека владата што тој ја предводи е посветена на демократијата, човековите права и владеењето на правото.

– Демократијата мора да биде водена од граѓанско општество. Мојата влада има амбициозен план за реформи. Треба да градиме професионални институции. Од длабочината на полтичките кризи излеговме посилни. Уверен сум дека сите ја имаме истата цел, мир во светот и пристоен живот за сите. На заедничките предизвици ќе одговориме со заеднички решенија. Македонија сега е слободна, безбедна и стабилна земја. Таа е пријател со своите соседи и ориентирана кон НАТО и Европската унија – истакна Заев.

 

Заев нагласи за добриот однос кој владата што ја предводи го негува кон соседните држави, како и за потпишувањето на договорот со Бугарија за добрососедство.

Во моментов, Македонија и Грција имплементираат мерки на градење на градење доверба и со искрени разговори меѓу двете страни, вели премиерот Зоран Заев, кој е убеден дека има начин да се надмине проблемот што го има Грција со нашето уставно име.

Во обраќањето пред 72. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, Заев  кажа и дека имаме многу позитивен развој по однос на спорот за името, поради што треба да се искористи моментумот да се затвори прашањето.

„Привремената спогодба од 1995 година ги постави темелите за нормализирање на односите меѓу Македонија и Грција. Во моментов двете земји имплементираат мерки на градење доверба. Ова е многу позитивен развој, имаме свеж инпут да го надминеме долготрајниот билатерален спор. Би рекол дека и двете страни направија одредени грешки во минатото, но главната цел сега е да го затвориме прашањето. Цврсто верувам дека треба да го фатиме моментумот, да разговараме искрено и да го разрешиме спорот. Ги цениме напорите на посредникот Метју Нимиц и верувам дека има начин да се надмине проблемот што го има Грција со нашето уставно име“, изјави Заев во Њујорк.

Без коментари