Заев со Меркел, Макрон и Џонсон

0
538
bilateral meeting of Mrs. Merkel and Mr. Zaev.

„Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во Трст имаше билатерална средба со канцеларката на Народна Република Германија, Ангела Меркел.

Германската канцеларка Меркел изрази голема поддршка за новата Влада на Македонија, за одлучноста на Владата за суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ.

“Владата е одлучна да ги спроведе потребните реформи и да ја осигура евро-атлантската иднина на Македонија, а со тоа и квалитетен живот за граѓаните”, рече премиерот Заев.

Канцеларката Меркел најави поддршка од Република Германија во реформскиот и евро-атлантскиот интеграциски процес.

Изразена е заедничка определба да продолжи со уште поголем интензитет соработката помеѓу Република Македонија и Народна Република Германија во области важни за граѓаните на двете земји“ соопштија од кабинетот на Заев.

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон во Трст имаше билатерална средба со премиерот Зоран Заев по која што на Твитер напиша дека Велика Британија цврсто стои зад неговите реформи.

„Се сретнав и му честитав на новиот македонски премиер Зоран Заев на Самитот во Трст. Велика Британија цврсто стои зад неговите реформи“, твитна Џонсон.
Во Трст, Џонсон потврди дека Велика Британија следната година ќе биде домаќин на Самитот на земјите во Западен Балкан.

На Самитот во Трст, Заев имаше и билатерална средба со германската канцеларката Ангела Меркел која изразила поддршка за новата Влада, за суштински реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ, соопштија од кабинетот на премиерот.

На Самитот во Трст на кој владината делегација ја предводи Зоран Заев, македонскиот премиер се сретна со високи европски државници, меѓу кои и со францускиот претседател Емануел Макрон.

Заев во Трст имаше билатерална средба со канцеларката на Република Германија, Ангела Меркел, на која таа, информираше владината прес-служба, изразила голема поддршка за новата Влада на Македонија, за одлучноста на Владата за суштински реформи и за определбата за интеграција на Македонија во ЕУ.

Без коментари