Заев учествува на Регионалниот молитвен појадок во Србија

0
421

На покана на Собранието на Република Србија, претседателот на СДСМ, Зоран Заев,  во Белград, учествува на Регионалниот молитвен појадок.

Регионалниот молитвен појадок го организира Собранието на Република Србија, како иницијатива за регионално подобрување на односите меѓу соседите, продлабочување на соработката со државите од регионот и светот.

На денешниот настан во Белград, покрај претседателот Заев како претставник од Македонија, присуствуваат повеќе од 200 учесници од регионот и светот, видни гости, конгресмени и претставници на бизнис заедницата од САД, претставници од германскиот Бундестаг како и високи политички претставници на Република Србија.

Претседателот Заев се сретна со делегацијата од САД, предводена од американскиот конгресмен Роберт Адерхолт, а оствари средби и со голем број учесници.

„Од клучен интерес за целиот регион е засилена соработка помеѓу земјите и нивна интеграција. Тоа е основен услов за понатамошен економски развој и економска соработка“, потенцираше Заев.