Заев: Ви ја честитам слободата

0
882

„Ви ја честитам слободата. Нашиот народ знае што е исправно – заедно да бидеме сплотени во едно општество за сите. Само така ќе одиме напред“, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев од платото пред Владата, каде СДСМ и коалицијата ја прославија големата изборна победа во првиот круг од локалните избори. До идните локални власти тој упати апел да бидат чесни, посветени и одговорни пред граѓаните.

Од СДСМ вечерва соопштија дека во триесет и седум општини победиле уште во првиот круг. Меѓу нив се и скопските општини Карпош, Аеродром, Центар, Ѓорче Петров, Шуто Оризари… Се чекаат пребројувањето да покаже дали ќе победат и во Бутел, Гази Баба и Кисела Вода. Заев во славеничка атмосфера ги набројуваше и другите општини каде СДСМ победила во првиот круг – Аралчиново, Берово, Битола, Богданци, Босилево, Валандово, Вевчани, Велес, Гевгелија, Градско, Дебарца, Делчево, Дојран, Зелениково, Карбинци, Кочани, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево, Конче, Куманово, Лозово, Ново Село, Охрид, Радовиш, Ранковце, Ресен, Пехчево, Свети Николе, Старо Нагоричане…