Заев во 15 часот ќе го објави договорот со Бугарија

0
432

Премиерот Зоран Заев денеска на конференција за медиумите ќе го претстави усогласениот текст на договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија.

Договорот беше усвоен на вчерашната владина седница.

На конференцијата за медиуми во Владата во 15 часот ќе присуствува и Никола Димитров, министерот за надворешни работи на Република Македонија.

Најавено е дека на 2 август бугарскиот премиер Бојко Борисов и шефицата на дипломатијата на оваа земја Екатерина Захариева ќе пристигнат во Македонија на потпишување на договорот.

Без коментари