Заев во официјална посета на Србија

0
205

Премиерот Зоран Заев престојува во официјална посета на Србија на покана на српската премиерка Ана Брнабиќ.

По средбата делегации на двете влади, предводени од премиерите ќе одржат заедничка пленарна средба, на која ќе се разговара за теми од интерес на граѓаните на двете земји, како и за натамошното продлабочување на односите.

Владината делегација, предводена од Заев ќе биде примена и од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Посетата на Белград премиерот Заев ја завршува со средба со претставници на македонската заедница во Србија. Македонија и  Србија ќе развиваат успешни билатерални односи и преку нив ќе придонесат за јакнење на соработката во регионот, изјави македонскиот премиер Заев во интервју за весникот „Политика“.