Заев за оценката на ЕУ и САД

0
455

Во Македонија нема услови за фер избори на 24 април, она што го говоревме го потврдија ЕУ и САД. Не е прочистен избирачкиот списоок и не се спроведени реформите за медиумите. Кога меѓународната заеница најави проценка, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНE немаа ништо против, заради страв од промените ВМРО-ДПМНЕ сега тврди дека има услови за избори.

Вчера Никола Груевски избега од соочување со вистината, тој ги направи изборите на 24 април невозможни. Било какво инсистирање на избори само заради спас на Никола Груевски ќе ја втурне Македонија во криза со несогледливи последици. На Македонија и се неопходни избори час поскоро, без фантомски гласачи, на кој ќе одлучат граѓаните, а не мафијатата.

Ниту едно сценарио на Груевски тоа нема да го спречи. Институциите мора да профункционираат, тие што го прекршиле законот ќе одговараат, рече на прес конференција во партиското седиште, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.