Зага продукција повторно најдобра во Европа

0
248

Зага продукција уште еднаш ја пишува историјата на македонската свадбена кинематографија .

Оваа година ја запиша Македонија на листата на победници на натпреварот за најдобро свадбено видео во Европа. Овојпат првото место е во категоријата BEST WEDDING HIGHLIGTS, победничкото видео е снимено во Швајцарија и Германија, за младите Драгица и Радован Шумоња.

Прославата се одржа во ресторанот Meinau, на Боденското езеро, на границата помеѓу Швајцарија и Германија. Колку за потсетување, нашата Зага Продукција веѓе пет години повеќе од достојно ја претставува Македонија на светско ниво, а досега ги има освоено наградите : Best Love Story 2011 прво место, второ место Best Walk 2013 и трето место Best Pilot 2014 година.

Без коментари

LEAVE A REPLY