Загадениот воздух и мозочните удари

0
432

Едно истражување објавено во Архивите на Интерната Медицина открива зголемен ризик од мозочен удар во споредба на „умерен“ со „добар“ квалитет на воздухот кај жителите во областа Бостон, особено кога загадувањето е поврзано со зголемениот сообраќај. Уште едно известување  укажува на брзо и долгорочно опаѓање во размислувањето и вештините на помнење кај жени кои живеат во области каде има загаден воздух, објави МК News.

– Една од главните точки на Агенцијата за заштита на околината е нивото кое се смета за безбедно, всушност тоа има важно влијание врз здравјето, изјавил Грегориј Велениус, водечки автор на истражувањата на мозочните удари во Провиденси.- Лицата кои би можеле да бидат чувствителни на влијанијата на загадениот воздух, би требало да останат подолго време во затворени простории додека загадувањето е на високо ниво, изјавил Велениус за Рутерс Хелт.

Тој и неговите колеги ги разгледале медицинските записи на околу 1700 пациенти кои во периодот помеѓу 1999 и 2000 година биле примени во медицинскиот центар во Бостон. Користејќи ги податоците од локалната станица за мерење на загаденоста на воздухот, тимот открил дека ризикот за добивање на мозочен удар е поголем за дури 34 проценти за време од 24 часа при отчитувања за „умерена“ загаденост во споредба со денови на „добра“ загаденост.

Овој ризик е најголем помеѓу 12 и 14 часот и е поврзан со јаглеродот диоксид, загадувач кој е поврзан со сообраќајот. Велениус изјавил дека крвните садови се шират и собираат како одговор на надворешните фактори со цел крвниот притисок да се одржи константен. Загадувањето на воздухот би можело да влијае врз способноста на организмот да го регулира крвниот притисок, а тоа може да предизвика мозочен удар кај веќе загрозените луѓе. Политичарите треба да разберат дека ова е вистинска закана за човечкото здравје, додава тој.