Загаденоста во Битола алармантна

0
396

Со концентрација на ПМ10 честички од 397 микрограми на метар кубен, утрово беше регистриран воздухот како најзагаден во Битолско. Ништо помалку сериозна ситуацијата не е и во Тетово со 297 и Кичево со 183 микрограми од ПМ10 честичките на метар кубен.

Од скопските општини и понатаму најзагадено останува во Гази Баба со 323 микрограми на метар кубен, потоа кај Ректоратот каде што се измерени 285 микрограми на метар кубен, во Лисиче 219 и во Центар 188. Карпош е општината со најниска вредност на загаденост кога во 5 часот наутро се измерени 85 микрограми на метар кубен.