Загадувањето на воздухот влезе во Советот на општина Битола

0
884

Сега предлагач на одредени мерки беше опозициската ВМРО ДПМНЕ, партија на која вчера на седницата и беше забележано дека тоа што сега го предлагале имале шанса да го исполнат додека биле на власт.

Од владечкото мнозинство велат дека има објективни причини. Една од нив се чека решение на обиколницата над Битола која повеќе од една година е затворена а, со тоа транзитот низ Битола е голем.

Од говорница Илиевска и едните и другите ги потсети дека и со ланскиот ребаланс била предвидена сума од 450 илајди денари за животнара средина.

Во меѓувреме одредени извештаи зборуваат за зголемен бројот на белодробни инфекции кај децата, алергии, кашлици во Битола, а и за случаи на рак кај мали деца. Лекарите се сомневаат дека причините лежат во загадениот воздух.

Во предизборната кампања за локалните сега владеачката партија соопшти мерки кои ќе ги преземат со цел намалување на загадувањето во градот.