Загина 25-годишен мотоциклист од Прилеп

0
1135

Синоќа половина час по полноќ животот го загуби млад Прилепчанец.

Тој им подлегнал на тешките повреди откако се судрил со автобус.

Според МВР несреќата се случила околу 00.25 часот во Прилеп на ул. „Иво Лола Рибар“  помеѓу мотоцикл управуван од Д.Д. (25) од Прилеп и автобус со прилепски регистарски ознаки, управуван од А.Б. (31) и сопственост на приватно претпријатие од Прилеп.

Мотоциклистот починал во болницата во која бил пренсен, односно во Медицински центар Прилеп.

Надлежните го расчистуваат случајот.