Загина лице во сообраќајка на Здуњскиот мост

0
512

Попладнево околу 13 часот се случи нова сообраќајна несреќа, овој пат кај Здуњскиот мост над реката Вардар, каде се судрија „БМВ“ со гостиварски таблички и камион влекач „МАН“ со приколка од Тетово. Во сообраќајката животот го загуби 56-годишниот Н.А. од селото Неготино од Гостиварско.

Според информациите од полицијата, возачот на БМВ-то од ударот починал на лице место, а 39-годишниот возач на каминот се здобил со телесни повреди и пренесен е во гостиварската болница.

Увидот на местото и причините за несреќата траеја до доцна попладне, а сообраќајот беше во прекин поради опасноста камионот да се преврти од мостот и да падне во провалија.