Загина мигрант на македонско – грчката граница

0
467

Еден мигрант го загуби животот на грчко-македонската граница откако допрел кабел под висок напон. Продолжуваат тензиите меѓу мигрантите и полицијата.

Еден мигрант загина, а повеќе се повредени во масовна тепачка на македонско-грчката граница.
Загинатиот, најверојатно мигрант од Мароко, го загубил животот откако се качил на покривот на воз и го допрел кабелот со висок напон над него, соопштија од грчката полиција за агенцијата Франс Прес.

Носејќи го неговото тело на раце, група Мароканци потоа се упатија кон граничниот премин извикувајќи „Алах е голем“, пишува АФП. Грчката полиција успеала да ги спречи во намерата со употреба на солзавец.

Друг мигрант беше тешко повреден во сличен инцидент во саботата.

Откако македонските власти почнаа да пропуштаат само бегалци од Сирија, Ирак и Авганистан, останатите мигранти преспиваат во вагоните на граничниот премин. Железничките врски меѓу Македонија и Грција се блокирани со денови, откако група мигранти од Иран започна протест на пругата.

Синоќа и утрово избувнаа судири и меѓу бегалците, оние на кои им е дозволено да ја преминат границата, и блокираните мигранти. Двете групи користеле камења во тепачката. Се проценува дека над 1.500 мигранти на кои не им е дозволен влез во Македонија се наоѓаат на меѓуграничниот простор.

Без коментари

LEAVE A REPLY