Загина моторциклист од Битола

0
1518

Една жртва е епилогот од тешката сообраќајна незгода која се случи вчера попладне на улицата „Филип Втори Македонски“ во близина на Црвениот крст, во 17:20 часот. soob

Незгодата се случила помеѓу моторцикл со битолски регистерски ознаки марка „Јамаха“ управувано од 46-годишен битолчанец, Б.П од Битола и патничко моторно возило „Даеву Матиз“ со битолски регистарски таблици управувано од З.В.(22) Битола, информираат од СВР Битола.  soob1

Возачот на моторциклот веднаш бил префрлен во Клиничката Болница во политрауматизам. Биле констатирани тешки телесни повреди на повеќе делови од телото. После неколкуте обиди за реанимација на интензивна нега, два часа по приемот, околу 19:30 часот им подлегнал на повредите, информираат од битолската болница. Била наредена и обдукција.soob3

Од страна на СВР-Битола излезено е на местото на настанот, извршен е увид и се работи на целосно рсчистување. soob2