Загина мотоциклист кај Стрелиште во Битола

0
12297

Машко лице од Битола на возраст од 40 години загина вечерва во тешка сообраќајна незгода. Сообраќајката се случи во 20.30 минути на ул. 8 -ми септември во населбата Стрелиште помеѓу ПМВ Голф со битолски регистарски ознаки (според полицијата такси возило) и  мотоцикл марка Хонда , чиј што возач загинал на лице место. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош во Битола. Увидна екипа од СВР Битола и Јавен обвинител вршат увид на лице место,велат од СВР Битола.

Без коментари